ПРОЦЕНКА НА ЕГЗЕКУТИВНИТЕ ФУНКЦИИ ПРЕКУ ЕВОЦИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦА СО ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2011, Vol 12, Issue 1

Abstract

Вовед: Опсесивно-компулсивното рас­тро­ј­ство [ОКР] се карактеризира со повто­ру­вачки, вознемирувачки опсесии и/или ком­пул­сии. Опсесиите претставуваат наме­тливи и несакани мисли, слики или чувства кои предизвикуваат значајна анксиозност и нелагодност. Компулсиите се повторливи, ритуални поведенија кои се изведуваат за да се намали анксиозноста или нервозата која е предизвикана од повторувачките опсесии. Најчесто ОКР започнува во раната адолесценција или раните зрели години. Преваленцијата кај децата се движи од 1 до 3% и се чини дека е малку почеста кај момчињата отколку кај девојчињата. Најефикасен начин за третман на ОКР е комби­нирањето на фармакотерапија со ког­ни­тивно-бихевиорална терапија. Во изми­натите години се повеќе се зборува и истра­жува за улогата на егзекутивните функции [ЕФ] кај одредени психички растројства. Цел на студијата: да се истражат ЕФ кај деца со ОКР преку ERPs на Go/NoGo задачи. Материјал и методи: во студијата беа вклучени 20 деца, од двата пола, на возраст 7−14 години [М=10,33±1,8], дијагно­сти­цирани за ОКР. Психометриската батерија на тестови беше составена од Child Behaviour Check List, Косови коцки за про­ценка на општите интелектуални капаци­тети, Beck Depression Inventory, The Schedule for Affective Disorders and Schizophrenia for School-Age Children, The Stroop Color Word Task и Wisconsin Card Sorting Test. Невропсихолошката проценка се изведуваше преку Visual Continuous Performance Test [VCPT] од кои се екстрахираат ERP компо­ненти. Резултати: кај децата во нашата студија постои јасно присуство на опсесии и/или компулсии, отсуство на депресивни симптоми, присуство на персеверативни грешки и благи тешкотии во менталната флексибилност, а ERP компонентите укажуваат дека не се работи за нарушување на ЕФ во правата смисла на зборот, туку за нивно попречено нормално функционирање поради зголеменото ниво на анксиозност. Заклучок: нема значајна клиничка манифестација на когнитивни потешкотии кај ова група на деца со ОКР во раната фаза на растројството. Но, за очекување е истите да се појават во подоцнежната фаза на растројството.

Authors and Affiliations

Tatjana ZORCEC , Nada POP-JORDANOVA

Keywords

Download PDF file
  • EP ID EP119172
  • DOI -
  • Views 107
  • Downloads 0

How To Cite

Tatjana ZORCEC, Nada POP-JORDANOVA (2011). ПРОЦЕНКА НА ЕГЗЕКУТИВНИТЕ ФУНКЦИИ ПРЕКУ ЕВОЦИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦА СО ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО. Journal of Special Education and Rehabilitation, 12(1), 41-55. https://europub.co.uk/articles/-A-119172