СУБЈЕКТИВНО НАБЉУДУВАНА БЛАГОСОСТОЈБА КАЈ РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2012, Vol 13, Issue 1

Abstract

Детето со развојни пречки значително го про­менува начинот на живеење на другите чле­нови на неговото семејство. Резултатите во полето на терапијата и рехабилитацијата на децата со развојни недостатоци ја на­гла­су­ва­ат важноста на улогата на родителот во под­дршката при развојот на детето. Видот на недостатокот е многу важен фактор по­ра­ди тоа што доколку инвалидност бара висок сте­пен на зависност од помошта од другите чле­нови на семејството, истиот го намалува ква­­литетот на нивното живеење. Ова ис­тра­жу­­ва­ње е прво во Хрватска кое истражува важ­­ни семејни проблеми во семејствата на деца со инвалидност. Целта е да се оцени ви­дот и нивото до кое развојната ин­ва­лид­ност на де­те­то влијае врз набљудуваниот ква­ли­тет на жи­веење на родителот. Поради ог­ра­ни­­­че­ни­те ресурси и експлоративната при­ро­да на ис­тражувањето, како и легалната и со­ци­­јал­­на чувствителност на оваа тема, беа из­бра­ни три потпримероци на родители на де­ца со раз­војни пречки, кои веќе беа чле­но­ви на ро­дителски асоцијации и доброволно учес­тву­ваа; родители кои имаат деца со мо­тор­ни, психомоторни и интелектуални пречки. Беше применет Меѓународниот индекс на бла­го­состојба, МИБ (International Wellbeing Index, IWI), кој е составен од Персоналниот ин­декс на благосостојба - ПИБ (Personal Wellbeing Index - PWI) и Националниот ин­декс на благосостојба - НИБ (National Wellbeing Index- NWI). Добиените резултати не покажаа статистички значајна разлика по­меѓу потпримероците на родители. Так­ви­те резултати не отстапија од други ис­тра­жу­ва­ња спроведени врз општата по­пу­ла­ци­ја, но нивната споредба со резултатите до­бие­ни од истражувања спроведени врз ро­ди­те­ли и деца со нарушен аутистичен спектар, по­кажаа повеќе позитивна субјективна бла­го­состојба кај родителите од ова ис­тра­жу­ва­ње. Поради тоа може да се заклучи дека ти­пот и степенот на инвалидност на детето има ефект врз нивото на набљудуваната суб­јек­тив­на благосостојба.

Authors and Affiliations

Rea FULGOSI- MASNJAK, Mia MASNJAK, Vanja LAKOVNIK

Keywords

Related Articles

PARENTS OF CHILDREN WITH DEVELOPMENTAL DISABILITIES: STRESS AND SUPPORT

Parents’ reactions, in the moment when they find out that their child is with developmental disabilities, are absolutely individual. A lot of parents need months, while some of them need years to face the fact that the...

OPINIONS AND ATTITUDES OF PARENTS AND STUDENTS FOR SEXUAL DEVELOPMENT, SEXUAL BEHAVIOR AND GENDER IDENTITY OF PERSONS WITH AUTISM IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Persons with autism can experience severe issues during the puberty and adolescence resulting from the changes that occur in their body. People with autism are sexual beings. They have sexual needs and desires as other p...

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА КОМПЕНТЕНЦИИТЕ НА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ<br /> ОД ПОСЕБНИТЕ УСТАНОВИ

Основната цел на ова емпириско истра­жу­ва­ње е да се утврди во колкава мера сегашното обра­зование на дефектолозите им помогнало во формирањето на поединечните ком­пен­тен­ции и дали истите се поклопуваат со по­са­куван...

РАСТРОЈСТВА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИТЕ СО ЛЕСНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Адолесцентите со интелектуална попреченост поради дефицитот во своето интелектуално функционирање се изложени на поголем ризик од појава на разни облици на растројства во однесувањето. Цел: да се утврди ризикот од појав...

Download PDF file
  • EP ID EP86786
  • DOI 10.2478/v10215-011-0019-1
  • Views 133
  • Downloads 0

How To Cite

Rea FULGOSI- MASNJAK, Mia MASNJAK, Vanja LAKOVNIK (2012). СУБЈЕКТИВНО НАБЉУДУВАНА БЛАГОСОСТОЈБА КАЈ РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. Journal of Special Education and Rehabilitation, 13(1), 61-76. https://europub.co.uk/articles/-A-86786