ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД МАЛИГНИ БОЛЕСТИ ВО СОЦИЈАЛНАТА СРЕДИНА
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 3
Abstract
Целта на истражувањето е процена на функционирањето на децата заболени од малигни болести во социјалната средина. Основната парадигма е базирана на истражувањето кое ја испитува релацијата малигна болест - социјална компетенција. Примерокот се состои од 120 испитаници (60 испитаници од Е-групата и 60 испитаници од К-групата). Критериумите за формирање на Е-групата беа: возраст 8-18 години; дијагноза на малигни болести утврдена со хистопатолошка верификација (цврсти тумори и малигна хемопатија); третман на детското одделение за ОР (хемиотерапија, радиотерапија, комбинирана хемопатија); уреден преморбиден статус. Контролната група ја сочинуваат здрави испитаници кои според бројот, возраста, полот и нивото на образование одговараат на испитаниците на Е-групата. Со компарацијата на просечните постигнувања на испитаниците од Е и К-групата во доменот на социјалната компетенција е добиена статистички значајна разлика меѓу испитуваните групи во корист на испитаниците од К-групата. Социјалната инкомпетенција и социјалната исклученост која ја пратат малигната болест претставуваат основни индикации за специјална едукација и рехабилитација на децата и младинците заболени од малигни болести.
Authors and Affiliations
Goran Neodvikj, Zora Jachova, Dragan Rapajikj
GRAMMAR AND SYNTACTIC DEFICIT IN CHILDREN WITH SPECIFIC DEVELOPMENTAL LANGUAGE IMPAIRMENT
Specific language disorders include primary speech and language disorder developing in intelligent children without hearing damaged and visible neural damage. Even the fact of grammatical-syntactically deficits as charac...
INDEX OF AUTHORS
ARTICULATION CHARACTERISTICS IN CHILDREN SUFFERING FROM SLI IN EARLY SCHOOL AGE
ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
Голем процент на деца со интелектуална попреченост имаат проблематично и дисхармонично однесување пројавено во кругот на семејството, во училиштето и во средината во која се движат. Истражувањата на повеќето автори укажу...
СТАРЕЕЊЕ НА ВОЗРАСНИТЕ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ: ПЕРСПЕКТИВИ НА ПРОЈАВЕНИТЕ СЕРВИСНИ ГРИЖИ
Со подобрување на општата здравствена состојба многу возрасни лица со интелектуална попреченост доживуваат постари години, како и останатите возрасни. Светската здравствена организација ги препозна потребите на оваа пост...