ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 1

Abstract

Голем процент на деца со интелектуална попреченост имаат проблематично и дисхармонично однесување пројавено во кругот на семејството, во училиштето и во средината во која се движат. Истражувањата на повеќето автори укажуваат дека 30 - 50% од лицата со интелектуална попреченост имаат одредени потешкотии во однесувањето. Однесувањето кај децата со лесна и умерена интелектуална попреченост е зависно од мноштво фактори кои меѓусебно се испреплетуваат: возраста на детето, степепенот на интелектуалната попреченост, нивото на психомоторна организираност, издиференцираноста на емоциите, комуникативните способности како и социо-економскиот статус, односно условите во средината (семејната, институционалната и пошироката општествена) во која живее и расте, се едуцира или рехабилитира детето. Влијанието на некои од овие фактори беше анализирано и утврдено со ова истражување. Постојат низа мерни инструменти (прашалници, скали) за евалуација на однесувањето кај лицата со интелектуална попреченост, преку кои се откриваат проблемите кои овие лица ги имаат во својот психо-социјален развој и општествен живот. Во ова истражување беа користени Скалата на адаптивно однесување на ААМД (II дел) и Скалата за процена на однесувањето на детето в училиште на авторите Бојанин, Савановиќ.

Authors and Affiliations

Vesna IVANOVIKJ

Keywords

Related Articles

СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Правото на работа во сите развиени земји во светот претставува едно од основните права на човекот. Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последна фаза од долгиот и сложен процес на нивната р...

ДОСТИГНУВАЊE И ИНКЛУЗИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ СО И БЕЗ ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ (ПОП) ВО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Во Штаерска 77.3% од сите ученици со по­себ­ни потреби се образовани во инклузивни учил­ници. Во моментот не е многу познато ни­ту за успехот на овие ученици во учи­лиш­та­та или нивниот престој во одделенијата. Ова ис­т...

Download PDF file
  • EP ID EP160201
  • DOI -
  • Views 153
  • Downloads 0

How To Cite

Vesna IVANOVIKJ (2009). ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ. Journal of Special Education and Rehabilitation, 10(1), 49-62. https://europub.co.uk/articles/-A-160201