ГРАМАТИЧКО-СИНТАКТИЧЕН ДЕФИЦИТ КАЈ ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНО ЈАЗИЧНО НАРУШУВАЊЕ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2011, Vol 12, Issue 3
Abstract
Специфичното јазично оштетување во основа вклучува нарушување на говорот и јазикот во развојот на интелигентни деца, без засегање на слухот и видливи невролошки оштетувања. И покрај потврдата за присуство на граматичко-синтактички дефицит како карактеристика на специфичните јазични нарушувања, тие не се испитуваат соодветно. Поради многубројни варијации во клиничката манифестација и формите на специфичните јазични нарушувања, постои потреба за детална анализа на граматичко-синтактичките дефицити кај деца со дијагноза на говорно - јазично нарушување. Цел на студијата е анализа на граматичко-синтактички дефицит кај деца кои имале специфично јазично нарушување и нетипични ЕЕГ промени. Материјал и методи: Целиот примерок вклучува 30 пациенти од Институтот за психо-физиолошки и говорни оштетувања „Професор д-р Цветко Брајовиќ“. Согласно наодите на невролозите, примерокот беше поделен во две групи. Користен тест за специфични јазични нарушувања е тест дескрипција на сликата. Резултатите се обработени со помош на методи на дескриптивната статистика. Резултати: Врз основа на дескриптивната статистичка анализа, се покажа дека постојат разлики во граматичко-синтактичкиот дефицит кај испитуваните групи.Заклучок: Процената на граматички-синтактичките способности во присуство на неспецифични промени на ЕЕГ може да има практична важност за дефинирање на развојните говорно-јазични нарушувања и нивната прогноза.
Authors and Affiliations
Neda MILOSHEVIKJ, Mile VUKOVIKJ
Упатство на автори
„ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПНОСТА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ“ – КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ
ЕФЕКТИТЕ ОД ТЕРАПИЈАТА СО ПОМОШ НА КОЊИ ВО ПОДОБРУВАЊЕТО НА ПСИХО-СОЦИЈАЛНАТА СПОСОБНОСТ КАЈ ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ
Целта не ова истражување беше да ги испита ефектите од краткотрајната терапија со помош на коњи, како додатен дел на моделираната терапија за децата заболени од аутистичен спектар. Во испитувањето беа вклучени ч...
Index authors