ИСПИТУВАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИТЕ СПОСОБНОСТИ КАЈ ПРВАЧИЊАТА СО ЛЕСНА ПСИХИЧКА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОСЕБНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 3

Abstract

Едукативниот процес за децата со лесна психичка попреченост во посебните основни училишта во Р. Македонија се реализира според посебни наставни програми за ученици со пречки во психичкиот развој, изготвени од страна на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Тоа се развојни програми, посебно адаптирани на способностите и можностите на учениците со психичка попреченост. Наставникот опсервирајќи ги индивидуалните карактеристики на своите ученици треба максимално да одговори на нивните специфични потреби и афинитети. Целта на истражувањето беше утврдување на едукативните способности на учениците - првачиња со лесна психичка попреченост за следење на наставните содржини од предметите Македонски јазик, Математика и Запознавање на околината, предвидени со наставните програми. Едукативните способности на испитаниците се особено слаби во областа на Математика, во областа на Запознавање на околината имаат просечни способности, а малку подобри способности покажуваат од областа на Македонски јазик. Во однос на варијаблите пол и возраст, едукативните способности на испитаниците не се разликуваат, додека во однос на варијаблата ниво на општи способности, постои значајна разлика во нивните едукативни способности. Наставниците истакнуваат дека повеќето од испитаниците се потполно или делумно во можност за следење на наставните програми. Наставните програми за I одделение за учениците со пречки во психичкиот развој генерално соодветствуваат на едукативните способности на децата.

Authors and Affiliations

Vesna Kostikj-Ivanovikj

Keywords

Related Articles

ПРОЦЕНА НА ПРАВОПИСНОТО НИВО НА РАКОПИСОТ КАЈ ЛЕСНО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

Менталната ретардација е сложен и специфичен општествен проблем, кој се јавува во најраната возраст од детскиот развој. Говорот претставува една од најзначајните човечки особини и несомнено потреба на секоја индивидуа, п...

РИЗИК ФАКТОРИ И РАН РАЗВОЈ КАЈ ДЕЦА РОДЕНИ СО АСИСТИРАНО ОПЛОДУВАЊЕ

Целта на овој труд е да се изнесе прегледот на систематската литература, на при­ло­же­ни­те истражувања во областа на ризик фак­то­ри­те и тешкотиите во раниот развој кај де­ца­та родени со асистираното оплодување, да се...

СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Правото на работа во сите развиени земји во светот претставува едно од основните права на човекот. Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последна фаза од долгиот и сложен процес на нивната р...

Download PDF file
  • EP ID EP102881
  • DOI -
  • Views 130
  • Downloads 0

How To Cite

Vesna Kostikj-Ivanovikj (2009). ИСПИТУВАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИТЕ СПОСОБНОСТИ КАЈ ПРВАЧИЊАТА СО ЛЕСНА ПСИХИЧКА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОСЕБНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА. Journal of Special Education and Rehabilitation, 10(3), 89-101. https://europub.co.uk/articles/-A-102881