ПРОЦЕНА НА ПРАВОПИСНОТО НИВО НА РАКОПИСОТ КАЈ ЛЕСНО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 3

Abstract

Менталната ретардација е сложен и специфичен општествен проблем, кој се јавува во најраната возраст од детскиот развој. Говорот претставува една од најзначајните човечки особини и несомнено потреба на секоја индивидуа, па е логичен заклучокот дека неговата улога кај секоја, па и кај ментално ретардираната индивидуа, е непроценлива. Факт е дека јазичкиот дефицит е еден од општите и сериозни проблеми кај ментално ретардираните деца, што доведува до тоа да нивниот говор е оштетен, задоцнет во развојот и недоволно развиен. Меѓу другото тоа условува и пониско правописно ниво на ракописот. Затоа е одлучено со инструментите кои ги нуди општата дефектолошка дијагностика, да се процени правописното ниво кај лесно ментално ретардираните деца во посебните училишта, а добиените резултати да се споредат со успехот по Mакедонски јазик, полот и возраста на учениците, со цел да се увиди нивната поврзаност и континуитет со развојниот период. Многу истражувања, како и ова наше истражување, покажуваат дека дисортографијата во голем процент е застапена кај лесно ментално ретардираните деца. Резултатите од истражувањето покажаа ниско правописно ниво на ракописот кај лесно ментално ретардираните деца, кој е во зависност од одделението - возраста, полот и успехот по македонски јазик.

Authors and Affiliations

Aneta HRISTOVA, Silvana FILIPOVА

Keywords

Related Articles

THE BENEFIT OF EARLY EXPOSURE TO SIGN LANGUAGE

Early diagnosis and intervention are now recognized as undeniable rights of deaf and hard-of-hearing children and their families. The deaf child’s family must have the opportunity to socialize with deaf children and deaf...

ДОСТИГНУВАЊE И ИНКЛУЗИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ СО И БЕЗ ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ (ПОП) ВО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Во Штаерска 77.3% од сите ученици со по­себ­ни потреби се образовани во инклузивни учил­ници. Во моментот не е многу познато ни­ту за успехот на овие ученици во учи­лиш­та­та или нивниот престој во одделенијата. Ова ис­т...

ПРОЦЕНКА НА ЕГЗЕКУТИВНИТЕ ФУНКЦИИ ПРЕКУ ЕВОЦИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦА СО ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО

Вовед: Опсесивно-компулсивното рас­тро­ј­ство [ОКР] се карактеризира со повто­ру­вачки, вознемирувачки опсесии и/или ком­пул­сии. Опсесиите претставуваат наме­тливи и несакани мисли, слики или чувства кои предизвикуваат...

Download PDF file
  • EP ID EP139896
  • DOI -
  • Views 97
  • Downloads 0

How To Cite

Aneta HRISTOVA, Silvana FILIPOVА (2009). ПРОЦЕНА НА ПРАВОПИСНОТО НИВО НА РАКОПИСОТ КАЈ ЛЕСНО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ. Journal of Special Education and Rehabilitation, 10(3), 110-121. https://europub.co.uk/articles/-A-139896