КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ФОНОЛОШКО – AРТИКУЛАТИВНИТЕ РАСТРОЈСТВА ВО ФУНКЦИЈА НА ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2010, Vol 11, Issue 1

Abstract

Гласовната експресија е првиот впечаток за говорот и јазикот. Независно од етиологијата на говорно-јазичниот проблем, прв знак е патолошкиот изговор. Во периодот на раната училишна возраст еден патолошки развоен говорно-јазичен ентитет е често проследен и со оштетување на фонолошко – артикулативниот сегмент. Истражувањето има за цел да ја утврди и спореди фреквенцијата, видот и секоја артикулативно-акустичка особеност на оштетениот глас кај децата со дислалија, како и кај оние со развојна дисфазија. Ова микроистражување опфаќа 71 испитаник, на возраст помеѓу 6 и 8 години, 35 испитаници со развојна дисфазија и 36 испитаници со дислалија. Нивните постигнувања се подложени на компаративна анализа преку тестирање со два релевантни теста. Врз основа на добиените резултати се заклучува дека: Кај децата со дислалија најчесто се присутни оштетувања на гласовите од типот на дисторзија, додека кај децата со развојна дисфазија најчесто е присутна супституцијата. Кај децата со дислалија најчесто се оштетени гласовите од групата на фрикативи, додека кај децата со развојна дисфазија постојат гласовни отстапувања во скоро сите гласовни групи. Кај двете групи на испитаници најчесто е присутно отстапување во артикулацијата на гласовите заради погрешното место на формирање на гласот.

Authors and Affiliations

Ana POPOVSKA, Silvana FILIPOVA

Keywords

Related Articles

THE VALUE SYSTEM IN DEAF POLISH ADOLESCENTS

Adolescence is the core stage for the development of the value system, one of the most important determinants of the human identity. The issue discussed in this paper is the perception of the value system by the people w...

EXECUTIVE FUNCTIONS EVALUATION PERFORMED BY EVENT RELATED POTENTIALS INCHILDREN WITH OBSESSIVE-COMPULSIVE DISORDER

Introduction: Obsessive-compulsive disorder [OCD] is characterized by repetitive, disturbing obsessions and/or compulsions. Obsessions are thoughts, images or feelings which are unwanted, persistent and recurrent. Compul...

ВИЗУЕЛНАТА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА СО ОШТЕТУВАЊЕ НА PLEXUS BRACHIALIS – ПРОЦЕНА И ТРЕТМАН

Преку моториката се одвива меѓучовечка ко­му­­ни­кација и се остваруваат пси­хо­со­цијал­ни­от и ментален развој на личноста, како и сите неј­зини останати функции. Најчестиот не­вро­лош­ки синдром од периферен тип е па­...

Download PDF file
  • EP ID EP119167
  • DOI -
  • Views 99
  • Downloads 0

How To Cite

Ana POPOVSKA, Silvana FILIPOVA (2010). КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ФОНОЛОШКО – AРТИКУЛАТИВНИТЕ РАСТРОЈСТВА ВО ФУНКЦИЈА НА ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА. Journal of Special Education and Rehabilitation, 11(1), 53-65. https://europub.co.uk/articles/-A-119167