КОНТИНУИРАНА ПРОЦЕНКА НА НАЧИНОТ НА ОПИСМЕНУВАЊЕ И УЧЕЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН ВИД

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2012, Vol 13, Issue 3

Abstract

ВОВЕД: Постапката за одредување на адекватен начин на описменување и учење кај учениците со оштетен вид се состои од две компоненти: иницијален избор на начин на описменување, кој треба да се спроведе во периодот на раното детство и континуирана проценка на начинот на описменување и учење, која се спроведува кај ученици кои веќе извесен период се вклучени во едукативниот процес и кај кои веќе има одредено медиум/и за описменување и учење. ЦЕЛ: Целта на ова истражување е да изврши реевалуација на првично донесената одлука во врска со изборот на медиум преку кој се спроведува едукацијата кај учениците со оштетен вид. ДИСКУСИЈА: Брзината на читање е далеку под предвиденото минимално ниво и кај учениците кои читаат Брајово и кај учениците кои читаат стандардно печатено писмо. Мора да се напомене дека во овој дел од истражувањето само по 3 од 15 ученици кои го користат Брајовото писмо беа отворени за соработка, заради што добиените резултати кои се однесуваат на нив не би требало да се земаат за валидни. 100% од испитаниците кои се едуцираат користејќи го Брајовото писмо читаат самостојно и непознат неформален и познат наставен материјал. Од учениците кои го користат стандардното печатено писмо самостојно читаат 62.5% за разлика од преостанатите 37.5% кои имаат потреба од дополнителни инструкции. 45.5% од испитаниците успешно ги реализираат своите училишни задачи преку првично одредениот медиум за описменување и учење, а само 18.2% од нив го прават тоа во временски прифатлив период. Достапните средства и помагала кои постојат во рамките на училиштето знаат самостојно да ги користат 53,6% од испитаниците, додека на преостантите 46,4% им е потребна дополнителна обука и инструкции. ЗАКЛУЧОК: Континуираната проценка би требало да се спроведува постојано во текот на школувањето на детето или најмалку еднаш годишно, како би можела да даде релевантно „оправдување“ за каква било промена, надополнување или избор на друг сензорен канал за учење и описменување на детето, а како резултат на извесни промени во визуелното функционирање на детето или заради промени на условите за едукација.

Authors and Affiliations

Renata PANDUREVIKJ, Daniela Dimitrova-RADOJICHIKJ

Keywords

Related Articles

СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Правото на работа во сите развиени земји во светот претставува едно од основните права на човекот. Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последна фаза од долгиот и сложен процес на нивната р...

РИЗИК ФАКТОРИ И РАН РАЗВОЈ КАЈ ДЕЦА РОДЕНИ СО АСИСТИРАНО ОПЛОДУВАЊЕ

Целта на овој труд е да се изнесе прегледот на систематската литература, на при­ло­же­ни­те истражувања во областа на ризик фак­то­ри­те и тешкотиите во раниот развој кај де­ца­та родени со асистираното оплодување, да се...

SENZITIVE COMUNICATION WITH CHILDREN WITH MODERATE INTELLECTUAL DISABILITY TROUGH THE EMOTIONAL-EXPRESIVE PRINCIPLES OF THE ICDP PROGRAME

While working with pupils with special educational needs, the necessity of compassion while communicating with them is more obvious. The exchange of emotions between the child and the special educator, as well as th...

ADHD И ОСАМЕНОСТА КАКО ОПШТЕСТВЕНО НЕЗАДОВОЛСТВО ВО ИНКЛУЗИВНИТЕ УЧИЛИШТА ОД ПАРАДИГМА НА ИНДИВИДУАЛЕН КОНТЕКСТ

ADHD-децата може да се соочат со сериозни проблеми во односот со врсниците, а индивидуалните третмани не е веројатно дека ќе ги отстранат проблемите со врсниците. Училиштето е главното место каде проблемите со врсниците...

Download PDF file
  • EP ID EP157285
  • DOI 10.2478/v10215-011-0023-5
  • Views 107
  • Downloads 0

How To Cite

Renata PANDUREVIKJ, Daniela Dimitrova-RADOJICHIKJ (2012). КОНТИНУИРАНА ПРОЦЕНКА НА НАЧИНОТ НА ОПИСМЕНУВАЊЕ И УЧЕЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН ВИД. Journal of Special Education and Rehabilitation, 13(3), 20-38. https://europub.co.uk/articles/-A-157285