ПОЛОВА ЕДУКАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 1
Abstract
Сите деца имаат потреба да стекнат знаења за своето тело и начинот на кој тоа функционира. Исто така неопходно е да ги запознаат правилата на општеството во кое живеат, да разберат што е прифатливо, а што неприфатливо однесување. Тргнувајќи од претходните искуства претпоставивме дека во недоволна мера и на недоволно соодветен начин се остварува половата едукација меѓу лицата со инвалидност во рамките на воспитно образовните институции и семејствата во Република Македонија. Па во согласност со тоа основната задача на трудот беше преку користење на методите на структурална, дескриптивна и компаративна анализа, а анкетни листови како инструмент, да се даде детална претстава за фактичката состојба. Од анализата на 314 испитаници, вклучувајќи ги и контролната група, дефектолозите и родителите, утврдивме дека испитаниците со инвалидност своите знаења за половиот развој, карактеристики и полови односи ги стекнуваат најмногу преку медиумите и разговор со своите врсници. Добиените резултати посочуваат на фактот дека знаењата кои лицата со инвалидност ги поседуваат во однос на оваа тематика се површни и многу често недообјаснети, поради што доаѓа до недоразбирање меѓу лицата со инвалидност.
Authors and Affiliations
Olivera Rashikj, Vladimir Trajkovski
MATHEMATICS LANGUAGE IN-CLASS INSTRUCTION
The goal of the research was to compare the level of mathematic language acquisition between students of lower grades in special elementary schools for children who are hearing impaired and students of a mainstream eleme...
ADHD AND LONELINESS SOCIAL DISSATISFACTION IN INCLUSIVE SCHOOL FROM AN INDIVIDUAL-CONTEXT PARADIGM
ADHD children can experience severe relational problems with peers, and individual treatments are not likely to eradicate peer problems. The school is the main arena in which peer difficulties develop and can be faced....
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
TRIBUNE ON THE INTERNATIONAL DAY OF PEOPLE WITH DOWN SYNDROME
ПРОЦЕНА НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ ЈАЗИЧНИ СПОСОБНОСТИ КАЈ ЛИЦА СО БРОКИНА АФАЗИЈА КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ЦЕРЕБРОВАСКУЛАРЕН ИНСУЛТ
Лицата со Брокина афазија побрзо се социјализираат во општеството, поради раниот рехабилитациски третман со примената на логопедска терапија. Во почетокот на болеста, говорната продукција е напорна, а говорот е со...