ПРЕТПОСТАВКИТЕ ЗА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И УЛОГАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2010, Vol 11, Issue 1
Abstract
Според Декларацијата од Саламанка, инклузивното образование се разбира како развоен приод кој бара да се земат предвид потребите за учење на сите деца, млади и возрасни, нагласувајќи ги оние што се подложни на маргинализација и исклучување, воедно овозможувајќи еднакви можности за сите да го достигнат својот максимум во потенцијалите и постигањата. Низ квалитативен приод испитано е дали практикувањето на инклузивното образование ги достигнува овие универзални стандарди, истовремено анализирајќи ја перцепцијата и разбирањето на инклузивното образование кај наставниците и стручните служби во училиштето, едукаторите на наставниците и студентите на наставна насока, како и нивната перцепција во однос на поседувањето на нужните компетенции за практикување инклузивно образование. Воедно, цел на анализа е и актуелната улога и одговорностите на наставниците и стручните служби во процесот на образование. Според наодите, не постои широк консензус меѓу стручната и академската јавност во поглед на тоа што се подразбира под инклузивното образование и неговото практицирање. Потоа, наставниците често се доживуваат себе сѝ како недоволно подготвени за поучување на деца со посебни потреби. Многу од нужните компетенции за ефикасна практика не се развиваат систематски. Со цел да се обезбеди поадекватна поддршка за наставниците и учениците, улогата и обврските на професионалците од стручните служби во училиштето мора да се редефинираат. Нивното место е во училницата, активно учествувајќи во поучувањето на учениците.
Authors and Affiliations
Ognen SPASOVSKI
СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНСКОTO НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ И РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ – „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОСТТРАУМАТСКИОТ СТРЕС И ДЕПРЕСИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ ПРЕКУ УВЕЖБУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА МОЗОКОТ
Увежбување на состојбата на мозокот (УСМ) е иновативна технологија која ги оптимизира мозочните бранови во реално време за да достигнат баланс и хармонија на човечкиот мозок. Бидејќи функцијата на мозокот е неуравнотежен...
STRUCTURE OF BODY DEFORMATIES AMONG PERSONS WITH MENTAL RETARDATION
SCHOOL FOR ALL: MANIFESTO OF INCLUSIVE EDUCATION
COMPARATIVE ANALISYS OF ARTICULATION AND PHONOLOGY DISORDERS IN FUNCTION OF DIFFERENTIAL DIAGNOSIS
Sound expression is the first impression of speech and language. Whatever its origin, false pronunciation is the first sign. In the early school years of developmental speech – if a language disorder appears, it is often...