ПРИДОБИВКИТЕ ОД РАНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2009, Vol 10, Issue 3

Abstract

Раното дијагностицирање и интервенција денес се признаени како неоспорни права на глувите и наглувите деца и нивните семејства. Семејството на глувото дете мора исто така да има пристап до сите информации за општиот развој на нивното дете и до посебни информации за оштетувањето на слухот, можностите за комуникација и лингвистичкиот развој на глувото дете. Хипотезата за критичниот период за учење на јазикот предлага дека резултатот од учењето на јазикот не е постојан во текот на животот, туку е најдобрo во раното детство. Личностите кои го научиле знаковниот јазик од раѓање имале подобри резултати на лингвистичките задачи и задачите за меморија, отколку личностите кои почнале да го учат знаковниот јазик по пубертет. Старата предрасуда дека глувото дете мора да го научи зборовниот јазик во многу рана возраст и дека знаковниот јазик може да чека затоа што може лесно да се научи од кого било и на која било возраст, повеќе не може да се задржи. Културолошкиот пристап кон глувоста ги нагласува трите неопходни компоненти во развојот на глувото дете: 1. стимулирање на рана комуникација користејќи природен знаковен јазик во семејството и интеракција со глувата заедница; 2. двојазично/бикултурно образование и 3. обезбедување права на глувото дете за користење на услуги на висококвалитетни преведувачи во текот на нивното образование од градинка до универзитет. Овој нов поглед на феноменологијата на глувоста значи дека средината треба да се промени за да се задоволат потребите на глувото лице, а не спротивно.

Authors and Affiliations

Ljubica PRIBANIKJ, Marina MILKOVIKJ

Keywords

Related Articles

ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНИ И КОМБИНИРАНИ ПРЕЧКИ: ПРИОД НА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА ЗАСНОВАНА ВО ЗАЕДНИЦАТА, ИНДИЈА

Вовед: Инклузијата на децата со ин­те­лек­туал­на попреченост (ИП) и со ком­би­ни­ра­ни пречки (КП) во редовните училишта во Ин­ди­ја е на крајно ниско ниво. Една од клуч­ни­те цели на рехабилитацијата заснована во заед­...

ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД МАЛИГНИ БОЛЕСТИ ВО СОЦИЈАЛНАТА СРЕДИНА

Целта на истражувањето е процена на функционирањето на децата заболени од малигни болести во социјалната средина. Основната парадигма е базирана на истражувањето кое ја испитува релацијата малигна болест - социјална ком...

НАРУШУВАЊА НА АРТИКУЛАЦИЈАТА НА ГЛАСОВИТЕ КАЈ ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ ДЕЦА

Говорот и јазикот претставуваат добри индикатори на детскиот когнитивен развој. Факторите на ризик кои влијаат на развојот и функционирањето на предвремено родените деца се повеќекратни. Покрај нарушувањето во артикулаци...

Download PDF file
  • EP ID EP129571
  • DOI -
  • Views 94
  • Downloads 0

How To Cite

Ljubica PRIBANIKJ, Marina MILKOVIKJ (2009). ПРИДОБИВКИТЕ ОД РАНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК. Journal of Special Education and Rehabilitation, 10(3), 28-39. https://europub.co.uk/articles/-A-129571