СИСТЕМ НА ВРЕДНОСТИ КАЈ ГЛУВИТЕ ПОЛСКИ АДОЛЕСЦЕНТИ
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2011, Vol 12, Issue 3
Abstract
Адолесценцијата е клучната фаза за развој на системите на вредности, кои се еден од најзначајните карактеристики на човечкиот идентитет. Проблемот за дискусија е перцепцијата на системите на вредности од страна на глувите лица кои претставуваат културно малцинство. Таква претпоставка може да се направи врз основа на анкетата за меѓунационални вредности спроведена од страна на S.H. Schwartz. За ова истражување беше избран методот на Schwartz за мерење на нивото на култура кај поединци. Шеесет и шест глуви адолесцентни, ученици од средно целодневно училиште на возраст помеѓу 15 и 20 години (29 машки, 37 женски) и 93 ученици од средношколски интернат на возраст помеѓу 15 и 17 години (39 машки и 54 женски), беа тестирани со помош на Прашалникот на Schwartz за застапеност на вредностите. Резултатите покажаа дека разликите во системот на вредности во групата беа поделени според полот. Адолесцентните момчиња кои слушаат сметаа дека благонаклонетоста, хедонизмот и поттикнувањето се поважни, за разлика од женските адолесценти. Во глувата подгрупа, девојчињата ги ценеа безбедноста, моќта и достигнувањето повеќе од момчињата. Начинот на комуникација во семејството имаше само едензначаен ефект: користењето на знаковен јазик подразбиразначително повисоко ниво на согласност во споредба со луѓетокои комуницираат вербално.
Authors and Affiliations
Joanna KOSSEWSKA
ПРВА МАКЕДОНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА PRADER-WILLI-СИНДРОМ
Symposium with the topic: “AUTISM SPECTRUM DISORDERS – DIAGNOSTICS, EARLY INTERVENTION AND PREVENTION”
ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН 2 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ
СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Правото на работа во сите развиени земји во светот претставува едно од основните права на човекот. Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последна фаза од долгиот и сложен процес на нивната р...
ПРОЦЕНКА НА САМОСТОЈНОСТА ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ И ПОТРЕБАТА ОД ОКУПАЦИОНА ТЕРАПИЈА КАЈ ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА