СТАВОВИТЕ И МИСЛЕЊАТА НА РОДИТЕЛИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ЗА СЕКСУАЛИОТ РАЗВОЈ, ОДНЕСУВАЊЕ И ПОЛОВ ИДЕНТИТЕТ КАЈ ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2010, Vol 11, Issue 1
Abstract
Лицата со аутизам може да се соочат со проблеми во периодот на пубертетот и адолесценцијата, кои произлегуваат од промените кои се случуваат со нивното тело. Лицата со аутизам се и сексуални суштетства кои имаат сексуални потреби и желби како и останатите луѓе. Сексуалниот развој претставува дел од целокупниот развој на личноста. Основната цел на ова истражување е да се претстави сексуалниот развој, сексуалното однесување и половиот идентитет кај лицата со аутизам, односно ги испитувавме и ставовите и мислењата на родителите и студентите-дефектолози, за сексуалниот развој и однесување кај лицата со аутизам. Како основни задачи, според кои се раководевме во текот на ова истражување се следниве: да се утврди дали лицата со аутизам имаат јасна претстава за својата сексуалност, дали родителите разговараат со своите деца на оваа тема, дали и колку всушност знаат лицата со аутизам што се тоа сексуални односи, контрацепција, несакана бременост, полово преносливи болести, интимни делови на телото итн., дали лицата со аутизам покажуваат одредено сексуално однесување и дали родителите и стручните кадри е потребно да се едуцираат во однос на сексуалниот развој и однесување кај лицата со аутизам. Истражувањето беше спроведено во период од речиси 3 месеци и во него беа опфатени 94 испитаници. Добиените податоци беа собрани, групирани, табелирани и обработени во програмот Microsoft Office Excel 2003, применувајќи χ² тест и Fisher-ов Exact тест, а како сигнификантни беа земени разликите на ниво на значајност од р< 0.05. Од анализата и интерпретацијата на резултатите можеме да забележиме дека во Република Македонија во рамките на семејствата па и во училиштата постои многу мал степен или воопшто не постои комуникација и разговор помеѓу родителите и стручните кадри со лицата со аутизам на тема сексуален развој, однесување и полов идентитет. Лицата со аутизам немаат никакви познавања за сексуалноста.
Authors and Affiliations
Bisera MLADENOVSKA, Vladimir Trajkovski
AGING OF INDIVIDUALS WITH INTELLECTUAL DISABILITY
PSYCHOMOTOR DEVELOPMENT IN PREMATURE INFANTS UNTIL THE END<br /> OF THEIR THIRD YEAR OF LIFE
Psychomotor development in premature infants has specific characteristics with increased tendency towards neuro-developmental difficulties, such as the fact that certain percent of the developmentally challenged people b...
Bibliography
Editorial Preface
PERCEIVED SUBJECTIVE WELLBEING OF PARENTS OF CHILDREN WITH SPECIAL NEEDS
The child with developmental disabilities significantly influences the lives of the other members within the family. Findings in the therapy and rehabilitation of children with developmental disabilities emphasize the im...