ВЛИЈАНИЕТО НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА ВРЗ МЕНТАЛНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И МОТОРНАТА ИЗВЕДБА

Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2010, Vol 11, Issue 3

Abstract

Изучувањето на феноменот на менталната репрезентација е од релативно понов датум и главно се врзува за когнитивно-психолошката рамка, но и за оние истражувачки правци кои можат да се категоризираат под „мозок и однесување“. Досегашните истражувања беа ориентирани кон здрави или анимални модели и беа насочени кон испитувањето на значењето на когнитивните функции и влијанија на околината врз менталната репрезентација. Нашиот обид беше на иста линија, во слична но понова насока. Ние го тестиравме придонесот на когнитивните функции врз модел на ментално ретардирани испитаници. За таа прилика употребивме две групи движења (нетранзитивни и транзитивни – од и кон телото). Со цел да го испитаме влијанието на созревањето и образованието, како примерок земавме испитаници на возраст од 16–19 години. Резултатите од истражувањето ни покажаа дека сите испитаници имаат пад на вредноста на постигнувањата во однос на максималниот можни правилни движења; како и дека имаат повеќе проблеми кога беа во прашање задачи со замислени објекти (транзитивни движења) и дека постарите испитаници имаат подобри резултати од помладите.

Authors and Affiliations

Goran NEDOVIKJ , Dragan RAPAIKJ

Keywords

Download PDF file
  • EP ID EP119170
  • DOI -
  • Views 111
  • Downloads 0

How To Cite

Goran NEDOVIKJ, Dragan RAPAIKJ (2010). ВЛИЈАНИЕТО НА МЕНТАЛНАТА РЕТАРДАЦИЈА ВРЗ МЕНТАЛНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И МОТОРНАТА ИЗВЕДБА. Journal of Special Education and Rehabilitation, 11(3), 31-42. https://europub.co.uk/articles/-A-119170