ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ ПРЕКУ ПСИХО-СОЦИЈАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Journal Title: Journal of Special Education and Rehabilitation - Year 2010, Vol 11, Issue 1
Abstract
Започнувајќи од внимателни историски истражувања на деинституционализацијата на психијатриските болници во Европа, презентираниот труд своето внимание го фокусира на италијанската територија, подетално на законот бр. 180 од 1978 година, од психијатриската реформа, кој доведе до затворање на менталните институции, како и создавање на нови, комплетно заменски институции, Одделот за ментално здравје, кој има за цел да се грижи за психијатриските пациенти во нивниот животен контекст. Терапијата веќе не е организирана како „решение-оздравување“ туку подобро, како комплексен ентитет – дневен и елементарен – на индиректни и мултидисциплинарни стратегии насочени кон социјално рехабилитирање на пациентите заболени од психички растројства. Во тој однос, институционалните структури за надворешните пациенти, полустанбените структури и станбените структури со преземањето на одговорноста за пациентот за време на психолошките и фармаколошките терапии, се вклучуваат во полето на заштитната работа и помагањето на семејствата на пациентите. Трудот детално ќе ги опише активностите на надворешните пациенти и полустанбените активности воспоставени од Одделот за ментално здравје во италијански град со над еден милион жители. Во некои случаи ќе бидат предложени алтернативни претпоставки за интервенција, во корелација со оние кои веќе постојат.
Authors and Affiliations
Amelia FARNESE, Viviana LANGHER
60 YEARS OF EDUCATION, REHABILITATION AND EMPLOYMENT OF PERSONS WITH DISABILITIES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA
ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАН 2 АПРИЛ-СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ
Preface by the editorial board
ПРИДОБИВКИТЕ ОД РАНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК
Раното дијагностицирање и интервенција денес се признаени како неоспорни права на глувите и наглувите деца и нивните семејства. Семејството на глувото дете мора исто така да има пристап до сите информации за општиот разв...
Рецензентска листа